Крајот на месец август и првата половина на месец септември, во одделението Скопје АПП и ТВР, беа во знакот на спроведени испити на Скопје Кула.
Нашите најмлади колеги, кои се стекнаа со лиценца на кула се Ана Јовкоска, Дорарт Амбари, Блерим Љесковица и Петрит Ајдини.
Ана се обучуваше со инструкторите Филип Милков и Иван Сековски, Дори со Јане Попов и Боби Филипчев, Блерим со Зоран Нановски и Александар Андоновски, и сите тројца кандидати за време на испитот ги надгледуваа Јасмин Малинков, Иво Паскалов и Зоран Нановски.
Петрит, пак, ја започна обуката со инструкторот Боби Филипчев, па продолжи со Ѓоко Трендафилов, а инструктори кои му го спроведоа испитот беа Јасмин Малинков, Иван Сековски и Зоран Нановски.
На нашите помлади колеги, кои веќе отпочнаа самостојно да работат, им посакуваме успешна долгогодишна кариера како контролори на летање на кула, исполнета со надминливи предизвици и голема професионална сатисфакција.