За нас

Здружение на контролори на летање на Македонија - ЗКЛМ

Целите и задачите на здружението се следниве:

Здружување

Здружување на КЛ и ПКЛ за унапредување на нивните професионални интереси, согласно Уставот и Законите

Квалитетна услуга

Промовирање на безбедност, редовност и експедитивност на воздушниот сообраќај во рамките на нашата одговорност

Компетентност

Промовирање и одржување на високи стандарди на знаења и професионални вештини кај КЛ и ПКЛ

Развој

Учествување во активности за развој на аеронаутиката на меѓународно ниво

Заштита

Штитење на правата и интересите на контролорите и помошниците контролори на летање

Независност

Функционирање и делување како независна, неполитичка, невладина и непрофитна организација

Здружението на контролори на летање на Македонија – ЗКЛМ е доброволна професионална организација, чии членови се контролори и помошници контролори на летање, кои се задолжени за безбедност, редовност и експедитивност на воздушниот сообраќај.

Здружението е регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија на 23.5.2007 година и е член на Меѓународната федерација на здруженија на контролори на летање – IFATCA, каде што претставници од ЗКЛМ редовно учествуваат на европските регионални состаноци, како и глобалните годишни конференции, кога сме имале таква можност. IFATCA е меѓународен колектив на здруженија на контролори на летање, кое претставува над 50.000 контролори на летање од 130 држави, со што е најголемото и најопфатното репрезентативно тело за контрола на летање во светот.

ЗКЛМ има за цел:

  • Создавање на поповолни услови за успешно извршување на задачите на КЛ и нивно постојано подобрување и унапредување;
  • Создавање и одржување висок стандард, знаење и професиналност во работата;
  • Заштита на интересите на професијата контролор на летање;
  • Подобрување на безбедноста, ефикасноста и редовноста на воздушната пловидба;
  • Унапредување на развојот на безбеден и добро организиран систем на контрола на летање;
  • Учествување во работата на IFATCA;
  • Соработка со други сродни професионални организации и органи во системот на обезбедување на воздушна пловидба.

При спроведување на своите цели, ЗКЛМ дејствува преку следните органи:

  • Собрание
  • Комитети (А, Б и Ц)
  • Совет
  • Надзорен одбор
  • Претседател

Членувањето во ЗКЛМ е доброволно и може да биде редовно или почесно. Во моментов има 87 членови, од одделенијата ОБКЛ/ФМП Скопје, ТМА Скопје и АКЛ Охрид, кои се активни или поранешни контролори и помошници контролори на летање.

1
Членови
1
Работни одделенија
1
Години постоење

Дознајте повеќе за ЗКЛМ и членување

Контактирајте нè преку нашата страница за контакт, телефонски или по е-пошта.