IFATCA во инспекција на ЗКЛМ

Извршниот потпретседател на IFATCA за Европа Фредерик Дело (Frederic Deleau) дојде на официјална посета во Скопјe, со цел да направи инспекција на текот на подготовките за претстојната конференција – IFATCA ERM Skopje 2024. Во текот на неговата дводневна посета, господинот Дело се сретна со членови на ЗКЛМ кои се во организацискиот комитет за конференцијата, со тимот од хотелот Холидеј Ин, а го посети и Музејот на македонската борба, каде ќе се одвива вечерниот коктел на 15 октомври.

Фредерик, заедно со нашата претседателка, беа и на официјална посета на Министерството за транспорт, каде ги пречека заменик министерката, Калтрина Зеколи Шаќири.

Таа го потврди учеството на министерот Николоски и нејзиното учество на претстојната конференција IFATCA ERM Skopje 2024, која е во организација на ЗКЛМ.

Господинот Дело ни посочи некои конструктивни детали и ни посака многу успешна конференција.