Пред точно 30 години, во 1994 година ЗКЛМ ја изврши првата уплата за годишна членарина кон IFATCA и со тоа стана полноправна земја членка на Меѓународната Федерација на контролорски здруженија. Уплатата била извршена од нашиот прв претседател Драган Климов.
По повод овој голем јубилеј, Здружението изготви и им додели плакети на сите досегашни претседателите на ЗКЛМ и истите ги додели на свечената манифестација која се одржа на 16-ти октомври на терасата на Музејот на Современа Уметност на скопско Кале.
Претседателите кои дојдоа лично да ги примат плакетите беа: Зоран Тасевски, Иван Христов, Сашо Таневски, Бранко Трајчевски, Владимир Ристески, Иво Паскалов и Наташа Мијат Крстевска.
Накнадно им ги доставиме плакетите на останатите претседатели: Драган Климов, Катица Треневска, Борче Двојаковски, Зоран Величковиќ, Зоран Димовски, Дејан Георгиев и Влатко Наков.
Нека ни е честит јубилејот и уште многу јубилеи да слават идните генерации.