Почитувани членови на ЗКЛМ,
Во петок, 10.1.2025 година, со почеток од 13:30 часот,
во Сала за состаноци Ве поканувам да одржиме редовно генерално собрание на ЗКЛМ.
Точките на дневен ред се следниве:
- Отчет за активностите на ЗКЛМ
- Финансиски извештај за 2024 година
- Впечатоци од IFATCA ERM Skopje 2024
- Планови за 2025 година
- Разно
Се надевам дека ќе дојдете во што е можно поголем број за да имаме конструктивно Собрание со кворум за донесување одлуки. За членови кои нема да бидат во можност физички да присуствуваат, ќе биде достапен линк за приклучување онлајн.
Со почит,
Претседател на ЗКЛМ
Наташа Мијат Крстевска