Здружението на контролори на летање на Македонија го честита изборот на нашиот член – Едмонд Калиќи за член во Надзорниот одбор (НО) на М-НАВ А.Д. Скопје.
Едмонд Калиќи, контролор на летање во Одделението Скопје ОБКЛ и ФМП, ја започна својата контролорска кариера во 2004 година каде го заврши иницијалниот тренинг во Прага. Во 2006 година се стекна со планерска дозвола, а во 2008 со лиценца извршен радарски контролор на летање. Од 2013 година работи како Инструктор, а од 2021 година и како Супервизор.
Покрај Едмонд, во Надзорниот Одбор на М-НАВ А.Д. Скопје остануваат другите двајца претходни членови, Кристијан Михајлоски и Димитар Џеков.
Здружението ЗКЛМ и порано имаше свој член во НО, кога колегата Милан Јакимов четири години ја вршеше должноста член на Надзорен одбор и тоа од самото осамостојување на М-НАВ А.Д. Скопје.
На нашиот член Едмонд Калиќи срдечно му посакуваме успех во работата и му стоиме на располагање во мисијата заедно со новиот Извршен Директор на СВН, колегата Хекуран Асани, да го постават новиот правец на нашата организација.