Пуштена во етер веб страницата за ERM 2024

Од пред неколку дена ЗКЛМ го заврши поставувањето на содржина на веб страницата www.erm2024.org

Оваа веб страна која e наменски креирана за учесниците на IFATCA European Regional Meeting Skopje 2024 содржи општи информации за Скопје како и инструкции за регистрација.

Останатите содржини како агенда за конференцијата и програма на целосниот настан допрва ќе се дополнуваат.

Огромна благодарност до Заменикот претседател Мартин Бибовски кој максимално се заложи во изготвување на оваа платформа.

ERM 2024 е закажан за октомври оваа година и нашето Здружение има чест оваа година да биде домаќин на овој настан.

Се надеваме дека достоинствено ќе ги пречекаме нашите колеги и ќе им покажеме дека сме рамо до рамо со европските стандарди.