Уште тројца нови контролори на Скопје Кула

Одделението Скопје АПП и ТВР се здоби со уште тројца лиценцирани контролори на летање на кула. 

Иван Попов се обучуваше на инструкторите Горан Бошески, Иван Сековски, Јане Попов и Јасмин Малинков. Полгањето се одвиваше на 17 септември а комисијата која го надгледуваше полагањето се состоеше од  Иво Паскалов, Зоран Нановски и Иван Сековски. 

Стефан Константиновиќ се обучуваше со инструкторите Ѓоко Трендафилов и Анита Жупаноска. Неговото полагање се одвиваше на 20 септември а комисијата на неговиот испит се сочинуваше од Иво Паскалов, Јасмин Малинков и Иван Сековски. 

Дино Доминик Биондиќ се обучуваше со инструкторите Александар Андоновски и Зоран Нановски. неговото полагање се случи на 25-ти септември а во комисија му беа Иван Сековски, Јасмин Малинков и Иво Паскалов. 

Со ова се комплетираа полагањата на сите осум контролори на летање кои иницијалната обука ја завршија во Данска, во Gate Aviation Training.

Здружението на контролори на летање на Македонија – ЗКЛМ е особено гордо на нашите најмлади колеги затоа што успеавме, заедно со Струковиот синдикат на контролори на летање – ССКЛ, токму тие осум кандидати кои беа селектирани со FEAST тестот во 2022 година да бидат испратени на обука за студенти контролори на летање. A тие пак со својот квалитет ја докажаа нашата борба и доверба. 

Марко, Ана, Дорарт, Блерим, Петрит, Иван , Стефан и Дино…Welcome to the FAMILY!