Вчера, 14 октомври, хотелот Холидеј Ин во Скопје беше во знакот на IFATCA конференцијата која официјално започнува денес на 15 октомври, а ќе трае до 18 октомври.
Организацискиот комитет, потпомогнат од волонтери од ЗКЛМ, ја подготви конференциската сала со плакати, банери, папки и материјали за секој учесник, како и торбички со подароци. Пријавени се вкупно 136 учесници од 34 европски земји.
Волонтери од ЗКЛМ се: Мартин Бибовски, Весна Анакиева, Никола Сотировски, Боби Дрогрешки, Дино Доминик Биондиќ, Марија Савиќ, Гордана Теговска, Стефан Константиновиќ, Ана Јовкоска, Тодор Настевски, Флорина Радовановиќ, Филип Милков, Марко Колеќески, Даниела Денковска, Дамјан Јовановски, Мишко Митровски, Тодор Кикерковски и Наташа Мијат Крстевска.
Регистрацијата започна од 18 часот во фоајето нa хотелот, по што следеше коктел забава за добредојде.
Денес започнува официјалниот дел, најпрвин за SESAR комисијата од 9 часот, а за сите останати во 13 часот.
Агендата од конференцијата е на следниот линк:
https://zklm.org/?page_id=3765&lang=en