На 31 август и 1 септември, во просториите на хотел „Континентал“ во Скопје, се одржа третата глобална конференција ,,Јас сум жена”.
Во панел дискусијата ,,Македонки со нетипични професии”, нашата претседателка Наташа Мијат Крстевска учествуваше покрај Билјана Гичевски (карстолог) и Ирина Маневска (магистер по рибарство). Панел дискусијата ја водеше Елена Мишева Бајгора.
Голема благодарност до здружението ,,Јас сум жена” за оваа можност да ја претставиме нашата професија контролор на летање и да ја приближиме до македонската женска популација.
Повеќе информации за конференцијата на овој линк.