Во месец септември нашиот колега и член, Тони Пргомет, заминува во пензија по 42 годишен работен стаж.
Тони е дел од цивилната контрола на летање од 1994 година и тоа како APP и ACC EXE/PLN, инструктор, оценувач, шеф на смена и директор во различни периоди од својата контролорска кариера.
На 31 мај 2024 г. за последен пат работеше активно во ноќна смена и ја заокружи својата плодна контролорска кариера.
Ти посакуваме среќно пензионирање и убави денови.