Третиот конференциски ден имавме чест да го отвори Министерот за транспорт, г-дин Александар Николоски, а веднаш по него се обрати и неговата заменичка, г-ѓа Калтрина Зеколи Шаќири.
По нив обраќање имаше господинот Штефан Худолин од (EU Head of Cooperation to North Macedonia) и нашиот директор на СВН при М-НАВ А.Д. Скопје, господинот Хекуран Асани.
Тој ден ручекот беше спонзориран од ТАВ, едната кафе пауза од АЦВ а другата од Turkish Airlines.
Голема чест нам како професионално здружение ни направи поддршката на сите овие воздухопловни институции.
По официјалното отварање на третиот конференциски ден извештаи дадоа претставници од останатите професионални воздухопловни федерации како: АTCEUC, ETF, IFATSEA, IFISA and IFAIMA.
Шлагот на целата конференција беше панел дискусијата на тема ,,Challenges due to Weather and the Operational Perspective”
Оваа дискусија ја водеа г-а Marily Bastin (Director European Green Sky and Head of Aviation Sustainability, Eurocontrol), г-дин Steven Moore, (Head of Operations, Eurocontrol Network Manager) и г-дин Mihály Szűcs, (Aviation Support Programme Coordinator, EUMETNET)
На оваа дискусија беа разгледани проблемите со кои сме се соочиле во изминатата сезона 2024 како и плановите што се однесуваат на сообраќајниот волумен во регионот, како и претстојните амбиции за подобрување на соработката и самоодржливоста на авиосообраќајот во Европа.
Вечерта беше во знакот на гала вечерата повторно во Холидеј Ин, која се оддржа за сите пристни учесници на конференцијата.
На оваа свечена вечер нашето здружение ЗКЛМ и официјално му го предаде статусот домаќин на италијанското здружение ANANCA кои најавија догодина дека IFATCA ERM ќе се одржи во Болоња.
Нека ни е честита успешната конференција IFATCA ERM Skopje 2024 и уште многу успеси да следат во секој следен подвиг на ЗКЛМ.
Линк од официјалната галерија:
https://zklm.org/?page_id=3953&lang=en
Линк од сите презентации од конференцијата:
https://zklm.org/?page_id=3946&lang=en
Линк од сите спонзори:
https://zklm.org/?page_id=4841&lang=en