Втор ден од конференцијата IFATCA ERM Skopje 2024

Втор ден од конференцијата IFATCA ERM SKOPJE 2024

16-ти октомври,2024

Вториот ден беше во знакот на затворените сесии и анализа на годишните извештаи од секоја земја членка. Длабоки дискусии се развија околу различните проблеми со кои се соочува секој регион како на пример: недостаток на кадар, регрутација на млади контролори, проблеми со распоред, зголемување на комплексниста на сообраќајот GPS spoofing/jamming и др.

Потоа следеше презентацијата на Sverre Ivar Elsbak (NATCA Norway),Chair of the EDITF, за прогресот кој IFATCA го прави на тема “equity, diversity and inclusivity”. Токму во тој Тask Force веќе втора година членува и придонесува нашата претседателка Наташа Мијат Крстевска.

По Sverre, Marc Baumgartner (Helvetica, Switzerland) за прв пат проговори на доста деликатна тема во нашата професија “Decline due to age – the influence of meno/andropause and the impact on operations”. Marc Baumgartner е член и на IFATCA Mental Wellbeing Task Force, каде активна е и нашата членка Марија Савиќ.

Следеше презентацијата на IFATCA EVPT Benjamin van der Sanden околу активностите на TOC, Technical Operational Committee, и на техничките Task Forces. Од нашето здружение, колегата Горан Бошески е член на ТОC и се надеваме дека преку него ќе можеме да дадеме поголем технички инпут во работата на IFATCA.

Презентации одржаа Philippe Domogala, благајникот на Еropean Support Fund, Mark Jarc (EVPEUR team) за Information Handbook и новата платформа за размена на идеи. За во Европскиот Тим за поддршка на EVP EUROPE беше регрутиран нашиот член Никола Сотировски, кому му посакуваме многу успех во иднина.

Вториот ден од конференцијата заврши во знак на Speak English Programme, (SEP) програмата на IFATCA и наградата, односно плакетата која ја изготвивме ние а му ја додели IFATCA на David Johnson (GATCO UK), како најактивен член во SEP прпграмата со најголем број одржани часови.

Линк од официјалната галерија:
https://zklm.org/?page_id=3953&lang=en

Линк од сите презентации од конференцијата:
https://zklm.org/?page_id=3946&lang=en