Вклучување на Ивица Јанев во IFATCA Speak English

Со големо задоволство ја споделуваме веста за успешно вклучување на нашиот член Ивица Јанев како фасилитатор во IFATCA Speak English програмата.

Оваа улога претставува значајно признание за неговата посветеност, волонтерство и одлични комуникациски вештини на англиски јазик, а самиот процес на shadowing траеше речиси шест месеци.

На 17 април, Ивица имаше официјално надгледување од страна на David Johnson, контролор на летање од Обединетото Кралство кој е еден од членовите на Секретаријатот на IFATCA SEP програмата.

IFATCA Speak English Program (SEP) е иницијатива наменета за подобрување на англискиот јазик и комуникацијата меѓу контролорите на летање ширум светот.

Програмата има за цел да ја зајакне професионалната поврзаност и разбирање меѓу колеги од различни земји преку редовни сесии за вежбање и споделување искуства.

До сега од нашето здружение фаислитатор беше Наташа Мијат Крстевска веќе две години и горди сме што и втор наш член се произведе да фаислитира вакви сесии.

Со неговото искуство и ентузијазам, сигурни сме дека Ивица ќе даде значаен придонес во успехот на програмата а воедно ќе инспирира и други наши членови да ја користат активно оваа опција.