Вонредно генерално собрание

Претседателката на ЗКЛМ, Наташа Мијат Крстевска свикува вонредно генерално собрание за ден четврток 15 мај, 2025 година, со почеток од 13:30, во Сала за состаноци во зградата на М-НАВ а.д. Скопје на адреса „Босфор“ бр. 7, 1041 Мралино Илинден. Ова ќе биде и изборно собрание бидејќи претседателката во четвртата година од својот мандат поднесува оставка и ќе треба да се избере нејзин наследник. Бројот на членови на ЗКЛМ е 96, и за успешно собрание согласно Статутот на ЗКЛМ потребно е присуство на најмалку 32-ца.