На барање на компанијата Wabtec, односно нивната подружница во Скопје, а по повод одбележувањето на Меѓународниот Ден на Жената, Здружението на контролори на летање на Македонија изготви видео од времетраење на 11 минути со цел претставување на жени во специфични професии – во нашиот случај контролор на летање.
Видеото покрива професионално и персонално преставување на наши две членки: Гордана Теговска и Наташа Мијат Крстевска.
Видеото беше наменето за прикажување на компаниски приватен настан и добивме фидбек дека пробудило голем интерес кај посетителите, за што од компанијата Wabtec изразија огромна благодарност.