Здружението на контролори на летање на Македонија – ЗКЛМ ја пријави конференцијата IFATCA ERM Skopje 2024 да се натпреварува на престижниот BEAM Awards Festival во категоријата ,,Конференциии, Конгреси, Самити”, и за таа цел согласно пропозициите за учество изготви апликација, двоминутно видео и 20 секундно видео.
Третото издание на BEAM Awards фестивалот се одржа на 4ти март, 2025 година во хотелот „Мериот“, а нашата конференција се избори за пласман во топ четири финалисти во својата категорија. Од ЗКЛМ, на овој настан учествуваа дел од волонтерите од конференцијата IFATCA ERM Skopje 2024. Иако не ја освоивме првата награда, членовите на ЗКЛМ кои присуствуваа на оваа церемонија достоинствено нѐ претставија.