Осмомартовска вечера

За своите членки припаднички на понежниот пол, ЗКЛМ организираше вечера во Red Door Tapas Bar. Исто така, за секоја им изготвивме персонализиран подарок, алуминиумско термос шише со иницијалите кои ги користат за впишување во листата на фреквенција.

Се надеваме дека оваа 8-мо мартовска вечера ќе продолжи традиционално и во годините што следат, а бројот на колешки ќе ни се зголемува со идните генерации.