Донација за настраданите од Кочани

Здружението на контролори на летање на Македонија (ЗКЛМ) изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените во трагичната несреќа што се случи на 16 март 2024 година во Кочани.

Во знак на солидарност и поддршка, преку Црвен Крст ЗКЛМ донираше износ од 120.000 денари како помош за жртвите и нивните најблиски. Веруваме дека во вакви тешки моменти, секој гест на човечност и заедништво има особено значење.

Нашите мисли и поддршка се со сите погодени од оваа трагедија.