Меморандум за соработка со Здружението на КЛ на Црна Гора

Здружението на контролори на летање на Македонија потпиша договор за соработка со Здружението на контролори на летање на Црна Гора.
Овој меморандум е во насока на остварување на взаемна соработка меѓу овие две здруженија за идни проекти кои ќе бидат наменети за унапредувања на условите за работа и благосостојбата на контролорите на летање и помошниците контролори на летање од Македонија и Црна Гора.