CISM или Critical Incident Stress Management e една светска визија за меѓусебна помош и програма која ЗКЛМ ја претстави за прв пат пред 7 години во нашата компанија. За таа цел низ годините беше изработена анкета, работилница и брошура во духот на припрема на колегите за оваа програма.
М-НАВ AД Скопје, предводена од ИМС одделението ја започна првата фаза а тоа е селекција на PEER кандидати. Раководителот на ова одделение, Јовица Јовановски, веќе испрати кај сите контролори и помошници контролори на летање е-маил со инструкции за номинација која трае до 30.04, а ЗКЛМ истата содржина ја пренесува:
Почитувани,
ИМС одделението започнува процес на селекција на канидати за улога на “CISM Peers” за оперативниот персонал кој поседува валидна КЛ дозвола согласно програмата за CISM усогласена со барањата на ЕU/Reg 373/2017. Во прилог имате образец за самопријавување и образец за номинација на колега.
Со цел да помогнете во процесот на избор на кандидати ве охрабрувам да номинирате КЛ кој сметате дека ги поседува следните особини:
- емотивно зрел;
- добар слушател,
- чувствителен на проблемите на другите;
- спремен да учи;
- спремен да им биде достапен на колегите во нивно време на потреба,
- почитуван и доверлив од колегите;
- ја разбира важноста на доверливоста;
- има социјален и емпатичен капацитет;
- искусен во справување со необични ситуации;
- има соодветно оперативно искуство
Секој КЛ има право на една номинација, односно да се номинира себеси или да номинира колега/колешка.
Можете да номинирате и КЛ кои поседувале дозвола за КЛ.
Пополнетите обрасци оставете ги во сандачињата за пријавување на безбедносни настани.
Во следната фаза ќе се организира избор на кандидати преку гласање за номинираните. За следната фаза ќе бидете дополнително известени.
Рокот за поднесување обрасци за номинација е 30.04.2024.
Формуларите се наоѓаат и во брифинг просторијата на 256.
Пополнувањето на што поголем број на номинации ќе овозможи ИМС одделението да направи подобра селекција која потоа ќе биде за наша взаемна корист.