Здружението на контролори на летање на Македонија имаше свој претставник на 63тата годишна конференција на IFATCA која се одржа од 15ти до 19ти април во Сингапур. Нашата претседателка Наташа Мијат Крстевска, која е и член на IFATCA Equity, Diversity and Inclusion Task Force, присуствуваше на седниците на Комитет А, каде и пред европскиот аудиториум даде отчет за прогресот околу подоготвките за претстојната IFATCA ERM SKOPJE 2024 конференција, но и за немилиот настан кој се случи на 4ти јануари 2024 г. во работните простории на нашите КЛ и ПКЛ.
Оваа конференција со рекордна посетеност од делегати на здруженија од дури 106 земји беше во знакот на слоганот: Invest in people, the future of ATM.
Конференцијата ќе остане запаметена и по изборот на првата жена претседател на IFATCA – Helena Sjöström.
Честитки за нашите колеги од Сингапур за беспрекорната организација.
Повеќе детали за работата на комитетите за време на Годишната Конференција на следниот линк: IFATCA’s 63rd Annual Conference – Singapore 2024 – IFATCA