Како дел од својата работа на човечката димензија на Single European Sky (SES) и за да ги надополни нејзините различни иницијативи поврзани со лиценцирањето и обуката на контролорите на летање, Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската унија (EASA) при крајот на 2022 година ја започна, студијата за „ATCO Fatigue“, односно заморот кај КЛ.
Благодарение на учеството на 36 даватели на услуги за воздушен сообраќај и 236 контролори на летање, резултатите од студијата, која е прва од ваков вид во Европа, се репрезентативни за тековните работни практики и даваат:
- квалитативни информации за нивото на имплементација на актуелните регулативи на ЕУ за „ATCO Fatigue“;
- податоци за тековните работни практики, нивото на замор поврзан со овие практики и причините за заморот; и
- упатства за мерки за превенција и ублажување за ограничување на заморот.
Студијата е корисен извор на податоци за националните надзорни органи (NSAs) на давателите на услуги и на КЛ, за да извршат проценка на локалните практики и да воспостават мерки за ублажување, онаму каде што е потребно.
Последователни мерки ќе бидат предложени од EASA.