Започна реновирање на раб. простории за КЛ и ПКЛ

После повеќе од две години откако членството на ЗКЛМ ја пополни анкетата и иницираше промени за подобрување на условите во работните простории за КЛ и ПКЛ, реноворањето почна да станува реалност.

Дописот и анкетата спроведни од ЗКЛМ беа ахивирани на 19.04.2022 година, но, за жал, не наидоа на позитивен фидбек од тогашниот менаџмент, кој не ја согледа важноста на унапредувањето на супстандардите услови во кои работиме.

Една година подоцна, во месец мај 2023 година, истиот допис и анкета за реновирање, ЗКЛМ ги достави до ССКЛ, синдикатот со кој нашето здружение остварува блиска соработка, по што точката за реноворање ССКЛ ја вметна во барањата при преговорите за штрајк со менаџментот на М-НАВ.

Уште една година подоцна, или две години од иницијалното анкетирање на членството, резултатите почнаа да се гледаат. До сега во објектот на КЛ во Скопје се изреновирани тоалетите под кула и кон сала, бојадисани се речиси сите простории, се менува подoт од линолеум, порачан е нов мебел за просториите за одмор…

Благодарност до сите КЛ и ПКЛ кои активно се инволвирани во реновирањето, а најмногу до членовите на ЗКЛМ, кои ги иницираа овие промени, за кои се надеваме нема да сопрат, бидејќи листата од првичната анкета има уште многу точки за реализација. Дополнително, голема благодарност до Јелена Величковиќ – Герасимовска, Флорина Радовановиќ и Катарина Марковска кои несебично своето приватно време го инвестираат во проектот наречен „реновирање на работни простории во М-НАВ за КЛ и ПКЛ“.

И да се надеваме дека во иднина нема да има потреба самите КЛ и ПКЛ да ги иницираат реформите кои треба природно да им следуваат и дека менаџментот на М-НАВ ќе има слух и ќе продолжи со унапредување на условите за работа.