Согласно агендата, најпрвин во помала сала во Холидеј Ин заседаваше SESAR одборот на IFATCA, додека нашето Здружение ги привршуваше последните подготовки во големата сала.
Во 13 часот започна и официјално 35-та конференција IFATCA European Regional Meeting Skopje 2024, на коe присуствуваа 136 делегати од 34 земји – членки на IFATCA.
Конференцијата ја отвори извршниот заменик претседател на IFATCA за Европа кој верно нѝ помагаше нам како домаќин здружение во целиот процес, господинот Frederic Deleau.
Потоа преку онлајн вклучување направи презентација Denis Huet (EUROCONTROL) на темата: Why do we have a Performance Plan? How is it built? What should we expect? What we need to understand and to know?
Потоа потпретседателот на IFATCA кој дојде во Скопје директно од Канада, господинот Jean-François Lepage (IFATCA DP) направи презентација на тема – ICAO and report on ANC/IFATCA involvement.
Многу интересна беше презентацијата што следеше, која ја направија нашите колеги од Турција: Tuğberk Teber and Gokay Guven (TATCA) на тема: Simulations and Airspace developments in Turkey – Brétigny, Innovation Hub, the extreme simulation, каде пробувале како ќе биде системот со три писти кој за прв пат се изгради и веќе успешно функционира на новиот аеродром во Истанбул.
Агендата во прилог:
https://zklm.org/?page_id=3765&lang=en
Линк од официјалната галерија:
https://zklm.org/?page_id=3953&lang=en
Линк од сите презентации од конференцијата:
https://zklm.org/?page_id=3946&lang=en
Вечерната активност нашето здружение ЗКЛМ ја организираше во Музејот на македонска борба, а попатно на учесниците им направивме фолклорно изненадување.
Можете да го погледнете и видеото.
https://youtu.be/KHjmJHVWIrg?si=QFLxZ5DQEzOU2cx1