Controllers’ Music Festival 2022

Од 31 август до 4 септември, се одржа традиционално по четврти пат Controllers’ Music Festival во организација на нашите колеги од Бриндизи.
Локацијата на оваа манифестација каде музички изведувачи се контролори на летање со своите бендови беше резортот Corte del Salento, во Пуља, Италија.

Од кај нас претставник беше Наташа Мијат Крстевска со својата група MIYATTA & The Control Freaks.

Во акустична изведба се претстави со едночасовен репертоар од авторска и кавер музика.

Пренесуваме дел од атмосферата низ фотографиите подолу.