На 20 октомври 2022, со почеток од 20 часот, во заедничка организација, ЗКЛМ и М-НАВ го одбележаа големиот за нас празник – денот на контролори на летање.
На спонтаниот собир во ресторан FOUR, во хотел Парк во Скопје, присуствуваа контролори и помошници контролори на летање, претставници на Здруженијата на Метеоролози и Техничари, вработени од другите служби на М-НАВ како и надворешни гости од АЦВ, ТАВ, Aeроклуб Скопје од Стенковец, Воздухопловна Федерација, Американска Амбасада и други.
За забавниот дел се погрижија DJ Goran и Brass Brothers.
Оваа година нашата професија прослави голем јубилеј, сто години од постоењето, и по тој повод беа доделени плакети за нашите колеги кои заминаа во пензија во изминатиот период како и испратена објава по медиумите до цел одбележување на нашиот празник.
Во прилог слики од атмосферата во четвртокот.