ЗКЛМ се придружи на SEP програмата на IFATCA

Од неодамна за контролорите на летање и помошниците контролори, кои се членови на своите здруженија, IFATCA ја направи програмата Speak English Program (SEP).

Програмата ја спроведуваат контролори на летање, кои волонтерски одржуваат сесии со свои колеги од целиот свет. Сесиите најчесто траат еден час и во една сесија се тројца, најмногу четворица контролори на летање од целиот свет кои разговараат на англиски јазик за различни теми.

Доколку сте заинтересирани за учество во оваа програма, било како спроведувач (facilitator) или ученик (participant) со цел одржување на разговорниот англиски јазик, Ве молиме пријавете се на е-маил адресата president@zklm.org.

Повеќе информации на https://www.ifatca.org/sep/