Почитувани,
Како што сте веќе запознаени со случувањата, веќе долг период ситуацијата во М-НАВ е доведена на поразително ниво. Иако чашата е одамна прелеана, вчерашното повикување во полиција на Претседателот на Струковиот синдикат на контролорите на летање – ССКЛ, по поднесена пријава од страна на директорите е кулминација на сите притисоци, предизвици и пречки кои се насочени кон контролорите на летање, а и сите останати професионалци во М-НАВ.
Недвосмислено јасно стоиме позади Претседателот на ССКЛ и целото членство и им изразуваме поддршка во овој процес, а особено после вчерашните активности насочени лично кон синдикалниот лидер. Тоа што ние како ЗКЛМ го работиме веќе долго време е само дополнување на сите борби и залагања кои Синдикатот ги води со децении. Жално и срамно е што покрај сите заложби кои се во насока на обезбедување на највисоко ниво на услуги во воздухопловната навигација, директорите на М-НАВ решаваат на ваков начин да вршат притисок врз Претседатлеот, членството на ССКЛ, а со тоа и врз сите контролори и помошници контролори на летање, чие единствено барање е нормални услови за работа во секоја смисла, за да можеме да ги постигнеме целите кои ни се доверени како чувари на нашето небо.
Со почит,
ЗКЛМ – Здружение на контролори на летање на Македонија