На 23.05.2023, како претставници на ЗКЛМ, колегите Наташа Мијат Крстевска и Никола Сотировски остварија конструктивен состанок со Директорот на АЦВ Томислав Тунтев и Драги Стојаноски, раководителот на Сектор за воздушен сообраќај. Единствена точка на овој систанок беше надминување на отежнатите услови кои се детектирани при медицинските прегледи на контролори и помошници контролори на летање во Воена Болница.
Нашите претставници разговараа по кои сѐ основи двајцата лиценцирани АМЕ доктори го прекршуваат правилникот и како тоа нѐ афектира нас контролорите и помошниците контролори на летање.
Дискусијата беше во насока што овој тренд значи за ефикасноста на одделенијата во СВН кога двајца или тројца кандидати не се во месечен распоред од лекарски наоди кои воопшто не влегуваат во критериумите за издавање на лекарско уверение според ЕУ 340/2015.
Дознавме дека воениот АМЕ , докторот Ѓорѓи Спасовски сеуште има валидна лиценца (до март 2024), и ги разгледавме условите под кои тој би можел да се имплементира како активен АМЕ до крај на годината. Исто така, во регионот се признати АМ центри од соседните држави но во Црна Гора е остварена соработка со АМ центар каде нашите кандидати немаат потреба да прават иницијален преглед.
Од АЦВ замолија да пуштиме уште еден допис до нив преку архива но и да иницираме доколу можеме, М-НАВ да прати допис до нив на истата тема.
Нашите пртставници се најдоа затечени од сознанието дека М-НАВ нема испратено никаков допис како официјална рекација кон нив а на тема лекарски прегледи и непочитување на правилникот за извршување на истите – особено кога веќе неколку наши колеги беа изложени на непрофесионализмот од страна на лиценцирани АМЕ доктори.
Оваа средба се случи по дописот кој ЗКЛМ го упати до АЦВ, во прилог.