100 години контрола на летање

1922 г. се смета за почеток на контролата на летање. Првите меѓународно договорени правила, изготвени во 1919 г. од страна на CINA, биле ратификувани од 10 земји во 1922 г. Првиот судир во воздух помеѓу два комерцијални воздухоплови над Нормандија (Фр.) во април 1922 г. дополнително ги охрабрил Обединетото Кралство, Франција, Белгија и Холандија да спроведат упатства за одржување на сепарација меѓу воздухоплови, со што се формирала основата за контрола на летање како  услуга за избегнување на судири.

Дознајте повеќе на следниов линк: 100 Years Air Traffic Control