Реакција на ненајавеното затворање на бифето

Денеска претседателката на ЗКЛМ испрати протестно писмо до УО на М-НАВ а.д. Скопје на тема ненајавеното затворање на бифето.
Во прилог содржината од истото:

До членовите на Управен Одбор
При М-НАВ а.д Скопје

ПРОТЕСТНО ПИСМО

Почитувани,

Чинот на затварање на бифе, без никаква најава на службен маил од страна на М-НАВ е директна атака кон оперативниот човечки фактор, е чин на негрижа кон вработените кои се најмногу оптеретени на фреквценција, и свесни или не, е контрибутивен фактор кон намалување на безбедноста. Во период кога се трудиме да го подобриме човечкиот фактор со цел поголема оперативност пред летната сезона која веќе е започната, Вие со Вашата пасивност и толеранција дозволуват надворешни луѓе да го диктираат расположението и оперативната моќ на вработените во М-НАВ.

Доколку сегашните управители со бифето не се повеќе заинтересирани да го работат истото, бараме да се отвори кујната и самите да си поготвуваме храна, додека да се изнајде вистинско решение.

Истово протестно писмо ќе Ви биде доставено и преку архива, но поради сериозноста на состојбата и потребата од итна Ваша реакција, Ви го праќам и по маил.

Скопје 06.04.2022

Наташа Мијат Крстевска
Претстседател на ЗКЛМ