ЗКЛМ на Skopje Air Fair

Со цел претставување на нашата професија на помладите генерации, ЗКЛМ зема активно учество на овогодинешниот Skopje Air Fair кој се одржа на 13ти ноември, 2022 во Градскиот Парк на локацијата Школка.

Овој воздухопловно-едукативен саем кој се одржува по втор пат во организација на АВИКОН од Скопје (www.avicon.mk) има за цел да им ги презентира професионалните опции во воздухопловството на помладите.

Саемот го посетија ученици од средни училишта и факултети како и вљубеници во воздухопловството од сите возрасти.

Учество на Skopje Air Fair земаа сите релевантни воздухопловни институции од земјата како АЦВ, ТАВ, М-НАВ, ВФМ, спортските аероклубови, но и гости од странство како Wizz Аir со својот пилотски кадет програм и Воздухопловната Академија од Србија.

Претсавувањето на нашите опции: Контролор на летање и Помошник контролор на летање, им го доверивме на помладите колеги Игор Лазаров и Јаков Бурнески.

Ви благодариме момци за одвоеното време и одлично сработената работа.