Завршен турнирот во кошарка CBC Touch&Go 2022

Нашите Контролори и Помошници контролори на летање учествуваа како претставници на Македонија на годинешниов кошаркарски турнир за контролори на летање CBC Controllers Basketball Cup Touch&Go, кој по двегодишна пауза, се одржа во Лисабон, Португалија од 23 до 27 ноември.

Оваа година, македонската екипа се натпреваруваше во конкуренција од 18 екипи од нашите европски колеги. Групната фаза ја завршивме на 4-то место, со единствената победа над домаќинот Португалија, а конечниот пласман е 16 место. Фаворизираната екипа на Литванија е годинешниов шампион на турнирот. Додека пак, во натпреварот за шутирање тројки, нашиот претставник заврши на 7 место.

Португалските организатори ни пружија топло добредојде и во текот на турнирот, покрај квалитетната кошарка и идеалот на „фер плеј“, во прв план беше забавата и дружењето во Лисабон.

Со големо задоволство, може да потврдиме дека наредната година домаќини на турнирот ќе бидеме ние и CBC Touch&Go 2023 ќе се одржи во Скопје.