Вистина е дека војната носи големи жртви но понекогаш отвара и нови врати. За време на Втората Светска Војна мнозинството мажи биле регрутирани за борба на фронт и многу нови позиции се отвориле за жените кои дотогаш само седеле дома. Една од тие професионални позиции е контролор на летање која почнувајќи од 1941 година станала предизвик за одреден број на жени. Која била првата жена контролор не може да се каже со сигурност, но се споменуваат неколку имиња кои во ист период, почнале да работат на ова специфично работно место. Повеќе за историјатот на оваа професија можете да прочитате на следниот линк: The First Women Controllers (faa.gov)
Гледајќи ги досегашните статистики во воздухопловните професии, жените до скоро биле видливи само како диспечерки или стјуардеси. Во последните десет години постепено процентот на жени како пилоти, контролори на летање, авиоинжинери и др. е во пораст, но според последните статистики таа бројка изнесува сеуште помалку од 10% на застапеност на жените од вкупната бројка на воздухопловниот персонал.
На пример кај пилотите, жени се само 5.26% од вкупната работна сила, и според заедничката студија на Royal Aeronautical Society и Универзитетот на Западна Англија тоа се должи на неколку фактори како сексизам, недостаток на жени ролмодели но и недоволната трансапрентност околу процесот на регрутација. Од друга страна, процентот на мажи како кабински персонал во летачкиот екипаж на светско ниво изнесува сеуште само 16%. Авиоинженери жени се само 8% од вкупната бројка итн.
Кај нас застапеност на жените контролорки и помошнички контролорки е само 6%, бројка помала од светскиот просек од 10%
На глобално ниво во изминатите неколку децении, услови за зголемување на женскиот процент на професионален воздухопловен кадар веќе се создаваат.
Вистинската причина зошто малку жени се јавуваат на конкурсот на контролори на летање ќе мора да ја бараме подлабоко во сржта на општествените стереотипи и домашното воспитување, но зголемување на процентот на жени контролори на летање е неуморна мисија, која ќе продолжи и во иднина.