Со особена чест Здружението на контролори на летање на Македонија Ве повикува да земете учество на работилницата со наслов Human Factors Introduction која ќе се одржи на 13 април (четврток) 2023 година, во Салата за состаноци на М-НАВ, со почеток од 10 часот.
За оваа цел, ЗКЛМ го покани колегата Жељко Орешки, претседател на хрватското здружение на контролори на летање, но и сертифициран специјалист за воздухопловна психологија, да ја води оваа работилница.
Г-динот Орешки ни доаѓа од земја на Европската унија, која е EASA членка и каде веќе се имплементирани регулативите 373 кои се однесувааат на човечкиот фактор, а кои ние во М-НАВ сме во процес на адаптација и имплементација на истите.
Оваа работилница е наменета за сите контролори и помошници контролори на летање заинтересирани за CISM peer програмата но и за нашите менаџери, експерти и супервизори кои се први што можат да детектираат промена кај вработените предизвикана од човечки фактор.
Погледнете ја агендата со кликање на овој линк.