Одржана HUMAN FACTORS работилница

Минатата недела, во салата за состаноци на М-НАВ а.д. Скопје, Здружението на контролори на летање одржа работилница со наслов HUMAN FACTORS INTRODUCTION. За таа цел, бевме домаќини на нашиот колега од Хрватска, Жељко Орешки кој e сертифициран Human Factors Specialist, и кој на највисок ниво ја одработи својата задача за која што беше повикан.

Присутните контролори и помошници контролори, како и колегите од Safety and Quality присуствуваа на овој workshop кој ги покриваше сите Human Factors регулативи од ЕU REG 373, 2017, а кои се веќе имплементирани во Хрватска .

Акцент беше даден на CISM Peer програмата и најголемиот дел од присутните беа колеги заинтересирани да волонтираат токму за оваа програма. ЗКЛМ во соработка со М-НАВ прави напори да помогне во најефикасниот начин на избирање на Peer-ови, со цел подобрување на општата ефикасност на сите оперативни контролори и помошници контролори, програма која според регулативите мора да биде имплементирана најдоцна до април 2024 година.

Во прилог е презентацијата на Жељко Орешки, направена специјално за колегите од Скопје.
https://drive.google.com/drive/folders/1B-lwKn22sJ7B1rD-o-pdcQpy6JKJQxZr

#togetherfurther