ЗКЛМ достави барање до претседателот на УО, помошник директор на СВН, раководител на Одделението АПП и ТВР како и раководителот на Одделението за безбедност, обезбедување и квалитет архивирано ја 09.11.2022 а се однесува на укинување на комбинираното работење.
Во текот на месец март, од страна на Одделението за безбедност, обезбдеување и квалитет беше иницирана изготовка на анкета во чија реализација учествуваа членови на ЗКЛМ. Анкетата беше наменета доброволно да ја пополнат во што поголем број активни контролори на летање најпрвин од Одделениети АПП и ТВР но и обласни контролори кои се афектирани од комбинираниот режим за работа.
По спроведената анкета, во разговор со Одделението за безбедност, обезбедување и квалитет и Раководителот на Одделението АПП и ТВР, штом ќе се стекнат со дозвола најновите осум кандидати кои се на обука на Кула, ќе се создадат услови за повторно разгледување на опцијатс дисконтинуитет на комбинираното работење.