Здружението на контролори на летање на Македонија – ЗКЛМ со гордост објавува дека Скопје е домаќин на годинешното издание на CBC (Controllers’ Basketball Cup) Тouch and Go 2023, кој ќе се одржи од 08-ми до 11-ти ноември.
Организациониот одбор, на чело со колегата Филип Милков, завршија извонредна работа околу подготовките на овој европски спортски настан па така покрај нашиот тим на овој турнир ќе дојдат колеги контролори на летање од Италија, Шпанија, Србија, Грција, Црна Гора, Бугарија, Литванија, Полска, Босна и Херцеговина, Романија, Унгарија, Словенија и Хрватска и Португалија.

Голема благодарност до М-НАВ а.д. Скопје и до ССКЛ кои ја помогнаа реализацијата на овој спортски настан.
Натпреварите ќе се одржат во четврток, петок и сабота, од 9 до 18 часот, во двете сали на СЦ Јане Сандански.
Дојдете да го поддржите нашиот тим 🇲🇰🏀 и да се дружите со уште 220 колеги од цела Европа! За повеќе информации за турнирот следете ја Инстаграм страната @cbc.sk23.
