ЗКЛМ на Skopje Air Fair

На 28- ми октомври, во Градски Парк во Скопје, се одржа третото по ред издание на SKOPJE AIR FAIR.

Овој воздуопловно-едукативен саем во организација на здружението АВИКОН од Скопје има за цел да ги информира младите за воздухопловните професионални опции. www.avicon.mk Покрај националните институции како АЦВ, Воздухопловна Федерација на Македонија, ТАВ, Воената Академија, Хеликоптерска Единица при МВР, Народна Техника, Макетарски Клуб, Аероклубови Скопје и Штип, Мималс Балон, и Ад Вербум, имаше претставници и од Романија (European Aviation Institute), од Србија (Aviation Academy Belgrade), како и од Грција (TAE Aviation Academy).

Нашето здружение ЗКЛМ имаше свој штанд со промо материјали и претставници кои се трудеа максимално прецизно да им ги претставуват професиите Контролор на летање и Помошник контролор на летање на сите заинтересирани. Штандот на ЗКЛМ беше многу посетен а нашите неуморни волонтери одговараа на прашања во периодот од 11 до 16 часот.

Покрај нашето ЗКЛМ, на овогодинешниот SKOPJE AIR FAIR, штанд имаше и здружението на воздухопловни метеоролози.