Одржано изборното генерално собрание

На денешното собрание на ЗКЛМ претседателката Наташа Мијат Крстевска одржа презентација за сработеното во рамките на ЗКЛМ за изминатата 2023 година (презентација во прилог).

Членството со своето присуство обезбеди кворум и можеше да се пристапи кон гласање за избор на органи на Здружението.
Следните членови беа предложени и изгласани:

Претседател: Наташа Мијат Крстевска (втор мандат)
Заменик претседател и претставник на АКЛ Охрид: Мартин Бибовски

Комитет А:
Никола Сотировски (член во Совет)
Алков Атанас
Мишко Митровски

Комитет Б:
Дамјан Јовановски (член во Совет)
Тодор Настевски
Даниела Денковска

Комитет Ц:
Марија Савиќ (член во совет)
Слободан Дрогрешки
Тодор Кикерковски

Сите дополнителни одлуки што се донесоа на ова генерално собрание ќе бидат споделени веднаш штом се комплетира записникот.