Зошто летовите доцнат ова лето

Во изминатиот период, low-cost авиокомпаниите во Европа, неосновано медиумски ја напаѓаат нашата фела. Преголемата побарувачка за летови во летниот период и нивната немоќ да ја задоволат истата ги натера да посегнат по алиби и вината да ја насочат кон контролорите на летање. Стихијно се одвива медиумска војна во која low-cost компаниите користат reel-ови, натписи и постојани напади кон контролорите обвинувајќи ја ситуацијата со недостаток на контролори на летање во Европа како нивно алиби за константното доцнење на нивните летови.

А кога би знаеле плус и на каков ретро оперативен систем работи македонската контрола на летање …

Во прилог следи официјалната реакција на IFATCA во која со темелни појаснувања се обидува да ја објасни вистинската ситуација.
Why are flights delayed this summer? – IFATCA (линк)

Џабе не рекол П.Т. Барнум: „Even bad publicity is good publicity”. Можеби од сето ова препукување ќе излезе и нешто корисно за нашата професионална структура, како на пример: младите генерации ќе се заинтригираат за нашата професија и ќе почнат помасовно да се пријавуваат на конкурсите за селекција на контролори на летање низ Европа.