Нов контролор на Кула

Вчера одделението Скопје АПП и ТВР при М-НАВ а.д. Скопје се стекна со нов контролор на летање.

Марко Колеќески ја заврши својата обука и вчерашното полагање под будното око на комисијата: Јасмин Малинков, Зоран Нановски и Иво Паскалов заврши со успех.

Марко работеше со инструкторите Горан Џуклески и Филип Милков. Иницијалната обука ја заврши во Данска во GATE Aviation.
Колеќески е првиот од неговата класа кој се стекнува со рејтинг Skopje ADI-ADV/TWR, а од срце им посакуваме на нашите колеги студенти што поскоро успешно да ја завршат својата обука и да се стекнат со рејтинг.