Бидејќи конференцијата IFATCA ERM SKOPJE 2024 донесе позитивен имиџ и економски придонес за ЗКЛМ како домаќин, одлучивме да направиме мала инвестиција како награда за сите што придонесоа кон овој настан.
ЗКЛМ набави фотелја за масажа која би била корисен подарок за сите контролори на летање во Скопје а истовремено би придонела за:
- Подобрување на здравствената благосостојба на членовите и вработените,
- Намалување на стресот и мускулната напнатост а зголемување на циркулацијата и когнитивната активност кај лицата со седечка работа,
- Зголемување на продуктивноста и мотивацијата.
Во изборот на фотелјата за масажа учествуваа нашиот член Боби Дрогрешки и претседателката Наташа Мијат Крстевска. Им благодариме за одвоеното време.