Во организација на ЕУРОКОНТРОЛ и Агенцијата за цивилно воздухопловство, од 3 до 4 октомври, во Скопје се одржа работилница на тема „Култура на праведност“. (Just Culture).
Експертите од ЕУРОКОНТРОЛ, Јавното обвинителство на Холандија и претставникот на Меѓународната федерација на здруженијата на контролори на летање IFATCA (Marc Baumgartner, координаторот на IFATCA со SESAR и EASA) ги споделија своите знаења во врска со правните и институционалните аспекти на културата на праведност.
На работилницата учество земаа претставници од Агенцијата за цивилно воздухопловство, давателот на услуги за воздухопловна навигација М-НАВ, аеродромскиот оператор ТАВ, Македонската воздухопловна федерација и Народниот правобранител на Република Северна Македонија.
Претставник на ЗКЛМ беше Атанас Алков, кој е воедно и наш претставник во Јust Culture комитетот.
Работилницата е реализирана во рамките на програмата „Поддршка на земјите“ преку која ЕУРОКОНТРОЛ им обезбедува поддршка на цивилните воздухопловни власти на нејзините земји-членки.