Од 16 до 18 октомври во Рига, Летонија се одржа европската регионална конференција на IFATCA – ERM 2023.
Речиси сите европски здруженија на контролори на летање испратија свои делегати и заедно со корпоративни гости бројката на учесници беше околу 120.
Пред самиот почеток, нашата делегација составена од Наташа Мијат Крстевска, Никола Сотировски, Марија Савиќ, Едмонд Калиќи и Мартин Бибовски постави простор за презентација на ERM SKOPJE 2024, кој беше активно катче на секоја пауза и каде нашите колеги одговараа прашања поврзани со настанот чии домаќини ќе бидеме следната година.
На самиот штанд се наоѓаа материјали кои ги добивме како подршка од Агенцијата за промоција и туризам на Македонија, а набавивме и уште нколку работи како ајвар и вино кои потоа по завршувањето на конференција ги подаривме на домаќинскиот организаторски тим од Летонија.
Првиот ден започна во знакот на работилницата најавена на тема “ATCO Occupational Fatigue” и тоа токму на прагот пред целосната имплементација на EASA регулативата (ЕU)2017/373 во сите европски земји. Поканети гости на оваа дискусија беа Nathalie Le Cam (EASA), Dr. Philippe Cabon (Welbees), Fabrice Drogoul (EUROCONTROL) и Benjamin Fichtner (HelvetiCA /Skyguide). Потоа се разви панел дискусија на тема поврзаноста на Staff Shortagе и Occupational Fatigue.
Тимот од Летонија за првата вечер организираше коктел во место наречено VEF Cultural Palace.
Вториот ден од конференцијата беше отворен од страна на Mr. Raul Medina – Director General of EUROCONTROL, по него следеше Mr. Frederik Rasmussen – Deputy Head of Unit European Single Sky at European Commission. Потоа беа отворени разни прашања поврзани со Балтичкиот регион па така презентери беа Mr. Pauls Cālītis – Board member of AirBaltic, Mr. Viesturs Masulis – Commander of Latvian Air Force, Mr. Aivars Pūcītis – Board member of Latvijas Gaisa Satiksme (ANSP), Mr. Māris Gorodcovs – Director of Latvian Civil Aviation Agency.
Потоа следеше презентација и дискусија на тема FEAST тест која ја водеше – Nathalie Bossiroy од EUROCONTROL, придружена од колешка преку линк од Луксембург од Aviation Training Centar-от на EUROCONTROL. Вториот ден од конференцијата го заврши Mr. Marc Baumgartner (SESAR /EASA Coordinator) со својата презентација за JCHMS (Joint Cognitive Human Mashine System).
За втората вечер, коктел забава беше организирана во зградата на првиот аеродром во Рига – Aerodrom Spilve.
Третиот ден започна со панел дискусија за теми кои ги засегаат повеќето здруженија, а кои се произлезени од извештајот кој секое здружение засебно го поднесе еден месец пред започнувањето на конференцијата.
Потоа следеше презентација на тема “Where from here? The Network Manager’s perspective” на која Мr. Iacopo Prissinotti (NM Director) сподели дека порастот на сообраќајот годинава бил за неверојатни 7%.
Потоа следеа извештаите на IFATCA 2030 Task Faorce, како и Equity and Diversity Inclusive Task Force, заменик претседателот на IFATCA, како и благајникот на European Support Fund кој се заблагодари за сите донации кои европските здруженија ги направија за семејствата на украинските контролори на летање.
Беше донесена одлука да се затвори истиот фонд, бидејќи сите средства веќе ја исполниле својата намена.
Исто така беше презентирана книгата “100 years АТC, the incomplete history” во издание на IFATCA и секое здружение доби две копии од истата. Еден од нашите примероци ќе биде оставен во собата за одмор 256 и а другата ќе патува за кула на Охрид. Па така секој наш член ќе може да ја разгледа и прочита.
Крајот на конференцијата беше во знак на нашата презентација за ERM SKOPJE 2024. Видеото кое ЗКЛМ го изработи специјално за таа намена беше презентирано, беше пуштена во оптег официјалната страница за настанот www.erm2024.org и споделени беа општи генералии околу тоа што можат делегатите да очекуваат кога ќе пристигнат во Скопје на конференцијата која ќе се одржи од 15 до 17 октомври 2024.
Третиот ден заврши со формална гала вечера во палатата на културата Ziemelblazma.
После нас, во 2025 година, домаќини на ERM 2025 ќе бидат италијаните.
Together – Further www.ifatca.org