20 Октомври – Меѓународен ден на Контрола на летање

По повод Меѓународниот ден на Контролори и на Помошници Контролори на Летање, ЗКЛМ традиционално организираше свеченост за одбележување на овој празник.

Прославата се случи на терасата на М6 Едукативниот Центар во Скопје, а покрај членовите на ЗКЛМ присутни беа нашите соработници пилоти од Армијата, Полицијата како и од Виз Ер. Исто така и колегите од Здружението на Воздухопловни Метеоролози како и од Здружението на воздухопловна техника дојдоа да нѐ испочитуваат. Дојдоа и претставници на ТАВ и Комерцијална Банка.
На оваа манифестација поканети беа волонтери од Детско СОС Село кои ја презентираа нивната програма “стани месечен донор”.

За забавата беше задолжен DJ Горан и танчерките oд Dancers United.

Голема благодарност до Винарија Тиквеш кои го спонзорираа овој настан со бело и црвено вино.

Нека ни е честит 20 Октомври!